Израел
Реакции по убиството на медиумските работници во Газа
12.08.2025 10:34
ОН бараат истрага за убиството на новинарот на Ал Џезира во Газа...

Не стивнуваат реакциите по убиството на медиумските работници во Газа, додека демонстранти се собраа низ целиот свет, вклучувајќи ги Лондон, Берлин, Тунис и Рамала, за да го осудат целниот напад. ОН бараат истрага за убиството на новинарот на Ал Џезира во Газа.
„Овие убиства ги истакнуваат екстремните ризици со кои новинарите продолжуваат да се соочуваат кога известуваат за овој тековен конфликт. Генералниот секретар повикува на независна и непристрасна истрага. Одговорност мора да има“, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на ОН.
Тел Авив тврди дека убиениот новинар на Ал Џезира, заедно со уште 5 други новинари, добивал плата од Хамас. И покрај осудите и растечкиот меѓународен притисок, Нетанјаху објави дека планира да ја прошири претстојната офанзива надвор од градот Газа и да ги преземе и другите упоришта на Хамас за да ја оконча војната.
