САД

Трамп распоредува Национална гарда во Вашингтон

12.08.2025 11:05

Претседателот Трамп прогласи вонредна состојба на јавната безбедност и распореди 800 војници на Националната гарда во борба против криминалот и бездомниците во градот...

Полицијата во Вашингтон под федерална контрола. Претседателот Трамп прогласи вонредна состојба на јавната безбедност и распореди 800 војници на Националната гарда во борба против криминалот и бездомниците во градот. Целта е вели да се врати законот и редот, и покрај тоа што градските власти нагласија дека стапката на криминал веќе се намалува и е на најниско ниво во последните 30 години.

„Точно дека по Ковид имавме зголемување на криминалот. Брзо донесовме закони што ги отстранија насилните криминалци од улиците. Поради тие напори, гледаме огромен пад на криминалот кој сега е на најниско ниво во последните 30 години“, изјави Муриел Баузер, градоначалничка на Вашингтон.