АМСМ

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини, се чека околу 30 минути за влез и излез

12.08.2025 09:04

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица, ГП Дојран и ГП Табановце времето на чекање е околу 30 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.