топлотен бран
Пожари беснеат во Шпанија и Португалија
12.08.2025 12:04
Екипите за итни случаи се борат со повеќе пожари и низ Португалија, додека рекордниот топлотен бран продолжува низ Европа со температури до 44 целзиусов степен...

Регионалните власти на Мадрид ја потврдија смртта на едно лице кое беше повредено во пожарот што избувна во северниот регион Трес Кантос на само 23 километри од градот. Огнената стиха која брзо се прошири поради силните ветрови принуди голем број луѓе да се евакуираат додека пожарникарите цела ноќ го гасеа пожарот.
Екипите за итни случаи се борат со повеќе пожари и низ Португалија, додека рекордниот топлотен бран продолжува низ Европа со температури до 44 целзиусов степен.
