Расте бројот на лица со психички растројства
Од година во година се зголемува бројот на лица со психички проблеми, а со тоа се зголемува и потребата од поголема грижа за истите. Во клиничка болница „Др.Трифун Пановски“ Битола, гравитираат пациенти од битолскиот регион и пошироко. На Одделението за психијатрија има неколку оддели. Болничкиот дел е од отворен тип има 23 вработени, од кои 5 доктори и располага со 14 легла. Најчесто таму се хоспитализираат пациенти со полесна клиничка слика, додека потешките случаи се препраќаат во психијатриската болница во Демир Хисар …

Во Битола нема психијатриска болница, функционира Одделението за психијатрија во склоп на клиничката болница, кое е од отворен тип со капацитет од 14 кревети. Овде се сместуваат лица со полесни психички растројства, додека оние пациенти со потешки ментални заболувања се препраќаат во психијатриските болници.
Зголемениот број на лица со психички растројства, бара и поголема грижа, стручен кадар, како и установи за соодветен третман.
Хоспитализацијата и соодветниот лекарски третман на лицата со ментални заболувања, е од особено значење за понатамошниот тек на нивниот живот.
Постоечките психијатриските болници, се со доволен капацитет и лекарски кадар. Нема потреба од дополнителни. Но објектите и условите во нив се во ужасна состојба. Потребно е изградба на нови-смета психијатар Ристевска Димитровска.
Во земјава потребни се сервиси во заедницата, дневни болници и домови за потпомогнато живеење, кое го има во современите држави, за оние пациенти кои нема потреба да бидат сместени во психијатриски болници. Услуги кои чинат многу помалку и го заштитува човечкиот капитал.
Александра Максимовска
