Почина поранешниот ирски премиер Алберт Рејнолдс

21.08.2014 16:08

Денеска во Даблин, во 81-та година од животот, почина поранешниот ирски премиер Алберт Рејнолдс.

Во главниот град на Ирска веднаш по неговата смрт, му се одаде големо признание за она што тој го постигна како премиер.

Поранешниот премиер Рејнолдс страдаше од Алцхајмерова болест.

Рејнолдс беше помалку од три години на премиерската функција, од февруари 1992 до крајот на декември 1994 година, но во ирската политичка историја остана запаметен како „миротворец“.