Нетанјаху отфрла привремено примирје
Вели-фокусиран е на сеопфатен договор што би ги ослободил преостанатите заложници одеднаш, а не во фази...

Египетските власти во нов обид за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците. Предлагаат двете страни да се вратат на првичниот предлог за 60-дневно примирје во замена за ослободување на дел од заложниците со крајна цел да се постигне сеопфатен пристап и крај на војната. Нетанјаху ја отфрла можноста за привремен прекин на огнот. Вели-фокусиран е на сеопфатен договор што би ги ослободил преостанатите заложници одеднаш, а не во фази.
„Нашите напори за посредување продолжуваат. Разговараме и со Хамас и со Израелците. Целта е да се продолжи понатаму, категорично се спротивставуваме на проширување на воената интервенција во Газа“, изјави Бадр Абделати, министер за надворешни работи на Египет.
„Направивме секакви обиди, поминавме низ многу дискусии, но се покажа дека тие само нè заведуваа. Затоа нема повеќе разговори за тоа. Поставив пет услови за завршување на војната-разоружување на Хамас, демилитаризација на Газа и други работи. Секако, како дел од дискусијата е и ослободувањето на сите заложници, и живи и мртви – тоа е дефинитивно“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
