САД

Националната гарда пристигна во Вашингтон

13.08.2025 09:13

Од Белата куќа соопштија дека досега се уапсени 23 лица од федералните агенти. Демократската градоначалничка која Баузер која негираше дека криминалот е надвор од контрола во нејзиниот град, го опиша распоредувањето на трупите како „авторитарен притисок“...

Војниците на Националната гарда почнаа да се појавуваат на улиците во Вашингтон и да поставуваат барикади пред владините згради, ден откако претседателот Трамп ги распореди трупите во градот и ја презеде контролата врз полициските сили во борба против беззаконието. Од Белата куќа соопштија дека досега се уапсени 23 лица од федералните агенти. Демократската градоначалничка која Баузер која негираше дека криминалот е надвор од контрола во нејзиниот град, го опиша распоредувањето на трупите како „авторитарен притисок“.

„Ова е само почеток. Во текот на следниот месец, администрацијата на Трамп немилосрдно ќе гони и апси секој насилен криминалец во округот кој го крши законот, ја поткопува јавната безбедност и ги загрозува Американците кои ги почитуваат законите“, изјави Каролин Ливит, портпаролка на Белата куќа.