24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

13.08.2025 09:23

Во Владата денеска ќе се одржи свечена седница по повод 24 години од потпишувањето на Охридскиот договор …

Пред дваесет и четири години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.

Владата ќе одржи свечена седница на која свое обраќање ќе има премиерот Христијан Мицкоски.

Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13-ти август 2001-та година, а потписници беа поранешниот претседател Борис Трајковски како и лидерите на најголемите политички партии Љубчо Георгиевски, Бранко Црвенковски, Имер Имери и Арбен Џафери.