Европа

Високите температури ги влошија состојбите со пожарите во Европа

13.08.2025 09:36

Илјадници луѓе во Шпанија се евакуираат поради пламените јазици низ Пиринејскиот полуостров. Големи пожари и во Португалија. Гори и на Балканот...

Топлотниот бран и екстремно високите температури ги влошија состојбите со пожарите во Европа. Илјадници луѓе во Шпанија се евакуираат поради пламените јазици низ Пиринејскиот полуостров. Големи пожари и во Португалија. Гори и на Балканот. Пожари буктат и во Грција. Жртви и повредени од огнените стихии има во Албанија. Србија се бори со голем шумски пожар во Кладово. Црна Гора бара меѓународна помош по проширување на огнот во предградијата на Подгорица. Едно лице загина, неколку куќи се изгорени, а голем број жители евакуирани. Мештаните се сомневаат дека пожарите се подметнати.

„Некој го пали ова. Кој е тоа – не знам. Сè е изгорено. Сè е отидено по ѓаволите. Не можевме ништо да спасиме. Цела ноќ се обидувавме да се одбраниме. Не знам што да кажам – некој мора да стави крај на ова“, изјави Гојко Божовиќ, жител на село Куча.