Британија во потрага по џихадистот кој го егзекутира американскиот новинар

21.08.2014 16:26

Британската полиција и безбедносните агенции покренаа потрага за да го откријат идентитетот на британскиот џихадист кој учествуваше во егзекуцијата на заробениот американски новинар Џејмс Фоли.

Британската полиција и безбедносните агенции покренаа потрага за да го откријат идентитетот на британскиот џихадист кој учествуваше во егзекуцијата на заробениот американски новинар Џејмс Фоли.

Неидентификувани извори, за британските медиуми изјавиле дека најверојатно станува збор за човек кој зборува англиски јазик, во акцент, па се верува дека тој потекнува и живее во Лондон или во Југоисточна Англија.

Премиерот Дејвид Камерон, кој го прекина летувањето во Португалија, вчера се врати во Лондон за да присуствва на специјалниот состаник со безбедносните агенции и безбедносни ескперти, што се одржа во Даунинг стрит 10.

Според Камерон  многу е веројатно оти човекот, кој е вмешан во јавното погубување на американскиот новинар, е Британец.

Британски безбедносни експерти веруваат дека овој човек по се изгледа заминал преку Турција во Сирија пред три години, за да се вклучи во британските џихадисти кои обично се чувари на заробеници и на лица киднапирани од исламистите од ИД.