Поради високите температури, родот на црвените пиперки во струмичко намален
Во струмичко почна бербата на црвените пиперки. Откупните цени за преработувачките капацитети се движат до 45 денари додека оние со екстра квалитет 10 денари повеќе. Има ли доволно род на пиперки за ајвар и кои се реакциите на земјоделците …

Раздвижено во полето на струмичко Куклиш. Трактори полни со црвена пиперка се носат на откупните пунктови. Цената од 30 до 55 денари во зависност од квалитетот. Земјоделците сметат дека цените треба да се задржат оти годинава доволно количини ќе нема поради високите температури
Понудените цени се почетни кажа министерот за земјоделство Цветан Трипуновски кој неодамна беше по откупните пунктови во струмичко. Како што кажа целото производство ќе биде откупено.
Годинава родот се очекува да тежи околу 60 милиони килограми што во однос на претходните е намалување за околу 20 отсто. Причина се болестите и високите температури.
Поради климатските промени веќе со години црвените пиперки во струмичко се одгледуваат во пластеници а на отворено воопшто нема површини.
Ване Трајков
