Одбележување

Во Владата свечена седница, одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

13.08.2025 15:50

Со свечена седница во Владата одбележани 24 години Охридски рамковен договор. Повици за единство, надминување на поделбите. Нема македонска или албанска иднина, има само една заедничка македонска иднина, обединување и интегрирање во исполнување, пораки од премиерот Мицкоски. Документот е жив темел на правична а и инклузивна држава- се обрати и вицепремиерот Меџити...

Економски просперитет наспроти национализам, е она што им е потребно на сите граѓани на Македонија, порача премиерот Христијан Мицкоски, по повод 24 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Со потпишувањето на договорот, уверен сум дека сите Македонци не беа среќни, а веројатно ни сите Албанци, но тој донесе мир и заедништво, истакна Мицкоски. Сепак, вели тој, договорот повеќе од две децении беше злоупотребуван од поединци, за заштита на криминалите и богатење на грбот на народот.

Нашата влада е посветена на изградба на правен и институционален систем, кој гарантира реална, а не формална еднаквост, истакна вицепремиерот Изет Меџити, додавајќи дека Македонија веќе ги чувствува последиците од формалната еднаквост.

Македонија се празни, а иселувањето нема националност, беше констатирано на одбележувањето. Беше испратена порака дека Македонија е дом на сите нејзини луѓе, кои имаат заедничко минато и заедничка иднина.

 

Марија Котовска