Владата реши, основните и средните училишта да се финансираат според нова методологија
Основните и средните училишта ќе се финансираат според нова методологија. Општините ќе добиваат пари за опрема и развој на образованието и варијабила за исплата на трошоците за транспорт. Одлуката е усвоена на последната владина седница...

Од 1-ви јануари во година училиштата ќе добиваат пари според бројноста на паралелките и реалниот трошок за образование на ученик. Со новата формула за финансирање, посебна поддршка ќе има за школување на децата со посебни потреби, развојот на дефицитарните струки. Целта е велат надлежните да се обезбеди квалитетна настава, тековно одржување, професионален развој и превоз на ученици, наместо најголем дел од дотациите да се трошат исклучиво за плати за кои се одлеваа 90 проценти од Буџетот.
Реформата во распределба на парите е ќе донесе поефикасен образовен систем, транспарентност во трошењето на парите и отчетност на јавните финансии за образование.
Администрации и вработените во училиштата допрва ќе се обучуваат околу новите формули за финансирање на основните и средни училишта.
Александра Спировска
