Распродадена зоната „Караслари“- нови вработувања за велешани
Велес го пополни списокот со компании кои ќе градат во индустриската зона Караслари. На Маркард друштво ќе му прави уште една странска компанија чие име се уште не се објавува. Заедно со другите зони во кои фирмите веќе работат, општината создаде многу поволна економска клима на која работеше со сите расположливи ресурси...

Продадени се сите парцели во зоната Караслари. Друштво на Маркард ќе му прават пет домашни и една странска компанија. Сите заедно ќе развиваат лесна незагадувачка индустрија од која се очекува значителен развој на локалната економија.
„Во изминатиот период во Велес многу се вложуваше на планот да се создадат поволни услови за ваков тип на инвестиции, и покрај тоа располагаме со јаки ресурси, стручни лица кои ќе го најдат своето место во новите фабрики“, смета Нада Јованова, економист.
Ќе се градат нови фабрики, ќе има нови работни места. Оптимизмот за враќање на индустриускиот сјат на градот се поголем кај велешани.
„Очигледно е дека нема толку движење, дека луѓето одат на работа дека работите се движат на подобро.“
„Со оглед на тоа што се продаваат тие неста мислам дека ќе има“, велат случајно анкетираните велешани.
Секое ново работно место е чекор кон намалување на бројот на невработените.
8.300 невработени лица има во Велес според податоците на Агенцијата за вработување. Активни баратели се околу 3.521 лица, поголемиот дел се мажи.
Продажбата на парцелите во ИЗ Караслари и во Тунел 2 за локалната самоупрва е потврда дека инвестиции ќе има.
„Заинтересираноста за вложување во Велес во индустриските зони веќе се зголемува, имаме најава од потенцијални инвеститори и за индустреиската зона Речани“, изјави градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев.
Велес, има шест индустриски зони. УЗУС е првата. Изградена е пред 12 години и во моментов актиовно работат педесетина производствени компани.
Дијана Иванова
