Владата креира мерки, граѓаните се жалат на високите цени
Како да се спаси народот од скапотијата, да се запре растот на инфлацијата? Владата крои стратегија, најавува долгорочни мерки, народот се жали, има ли чаре за континуирано високите цени?

Владата ги крои мерките, јавноста чека долгорочна стратегија за спас од скапотијата. Познавачите на економските политики советуваат да се креираат мерки на долг рок, оти брзите краткорочни не вродуваат со плод.
Поскапено е речиси се, особено овошјето и зеленчукот кои чинат многу повеќе од лани. Тешко зимници годинава.
Дел од експертите предлагаат зголемување на домашното земјоделско производство, бидејќи 90% од храната е од увоз.
Граѓаните се жалат, инфлацијата им ги „јаде“ парите веќе подолго време.
Ефектот од мерките за ограничување на цените на храната, според експертската фела, само ја подгрева инфлацијата поради личната потрошувачка, ситуација што бара чаре на долг рок.
Невообичаен тренд на зголемување на инфлацијата на 4,8% во јули, е под влијание на поскапите угостителски услуги и туристичките понуди.
Борис Грујоски
