Временска прогноза
Сончево и топло, температура до 38 степени
14.08.2025 08:01
Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.
Температурата ќе се движи од 28 до 38 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец.
