Регион

Ескалираа деветмесечните антивладини протести во Србија

14.08.2025 09:14

Во Нови Сад дојде до судир меѓу приврзаниците на српската напредна странка и демонстрантите кои ги блокираат улиците...

Ескалираа деветмесечните антивладини протести во Србија. Во Нови Сад дојде до судир меѓу приврзаниците на српската напредна странка и демонстрантите кои ги блокираат улиците. Употребени солзавец топовски истрели и пиротехника. Судири имаше и во Нов Белград. Десетици граѓани и полицајци се повредени. Протестите се случуваа во неколку градови како одговор на инцидентите во вторникот во Врбас и во Бачка Паланка, каде поддржувачите на владата и симпатизери на СНС фрлаа факели, камења и шишиња кон демонстрантите, кои одговорија со разни предмети.

Претседателот Вучиќ се закани дека ќе бидат уапсени сите кои сакаат земјата да ја втурнат во граѓанска војна и оти нема да има милост за оние кои се закануваат и тепаат.