Климатски промени

Борба со огнените стихии во медитеранските земји

14.08.2025 10:01

Медитеранските земји се борат со огнени стихии. Ден на жалост во Црна Гора за смртта на војникот кој загина при гаснењето пожар додека борбата со огнените стихии во земјата продолжува. Дел од пожарите се ставени под контрола, нови жаришта пријавени во неколку села.

Европа и регионот на удар на климатските промени. Медитеранските земји се борат со огнени стихии. Ден на жалост во Црна Гора за смртта на војникот кој загина при гаснењето пожар додека борбата со огнените стихии во земјата продолжува. Дел од пожарите се ставени под контрола, нови жаришта пријавени во неколку села.

Полицијата уапси 10 лица кои планирале да подметнат нови пожари. 14-мина осомничени за подметнување пожари се уапсени и во Албанија. И натаму најтешка е состојбата во Делвине и Грамш. Над 40 домови се изгорени, а стотици жители евакуирани. Во огнената стихија зафатена и православна црква стара 300 години.

Продолжува гаснењето на пожарите и во грчкиот град Патра. Пожари избувнаа и во западниот дел од копнена Грција, како и на островот Хиос.

Шпанските власти, пак, ги затворија патиштата во северозападниот регион Галиција откако огнот стана закана за станбените области. Борбата со серијата пожари продолжува и во соседна Португалија.