Климатски промени

Жители на Алјаска ги напуштија домовите поради предупредување од поплави

14.08.2025 10:51

Водата од ледничкото езеро се излеа во реката Менденхол, загрозувајќи ги домовите во областа.

Жители на Алјаска ги напуштија своите домови откако националната метеоролошка служба во Џуно издаде предупредување од поплави.

Водата од ледничкото езеро се излеа во реката Менденхол, загрозувајќи ги домовите во областа.

Глечерот, популарна туристичка атракција, е оддалечен околу 19 километри од градот Џуно.