Македонија

Ревизија: Шумари во канцеларии, милионски долгови во ЈП „Национални шуми“

14.08.2025 11:16

73 проценти од вработените, односно 259 лица, вработени како сечачи, дотурачи, редачи и шумски работници наместо да работат на терен, седеле во канцеларии и извршувале административни работа, и тоа во време кога над половина од производствениот процес е зависен од надворешни извршители.

Шумари работат како административци – ова го покажа ревизорскиот извештај за ЈП „Национални шуми“ за 2023 година. 73 проценти од вработените, односно 259 лица, вработени како сечачи, дотурачи, редачи и шумски работници наместо да работат на терен, седеле во канцеларии и извршувале административни работа, и тоа во време кога над половина од производствениот процес е зависен од надворешни извршители.

Извештајот покажа дека ЈП „Национални шуми“ е во незавидна финансиска положба – должело 17,5 милиони евра и е зависно од краткорочни кредити за плати. Долгот кон државата е 7,3 милиони евра, над 4 милиони евра не се уплатени за простра репродукција, а од друга страна, државата на претпријатието му должи 2,6 милиони евра за акцијата „Ден на дрвото“.

Електронскиот систем за следење на дрвната маса не се користи што ја ограничува можноста за контрола.