Втор ноќен базар оваа сабота во „Лабораториум“

14.08.2025 11:23

Оваа сабота, 16 август, во 19 часот, големата хала на културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе биде „обоена“ со креативна младешка енергија, со мирисот на уникатноста и со модни и културни визии за градот Скопје.

По големиот интерес за првото издание, Artisan Night Bazaar се враќа со уште повеќе уметници, ракотворци и креативци кои ќе изложат голем број на уникатни рачно изработени креации и уметнички дела. Оваа сабота, 16 август, во 19 часот, големата хала на културно-едукативниот центар „Лабораториум“ ќе биде „обоена“ со креативна младешка енергија, со мирисот на уникатноста и со модни и културни визии за градот Скопје.

Посетителите ќе можат да дознаат што работат група на млади македонски творци и и да купат од нивните модни креации, накит, природна козметика, декорации итн. Модните авантуристи додека минуваат низ поставените продажни катчиња ќе ги следи добар ритам за кој ќе биде задолжен диџеј.

Винилите се неизоставен дел од Artisan Night Bazaar па така и овој пат ќе може да се најде и селекција на прочи, а пред да ја купи секој заинтересиран ќе може и да ја слушне ... заедно со нежното крцкање на грамофонската игла.

Влезот е бесплатен.