Запленети 100 килограми марихуана

18.12.2013 08:52

Уапсени се четири лица осомничени за шверцување дрога

Уапсени се четири лица осомничени за шверцување дрога, наменетa  за западно-европските пазари. Запленети  се и над 100 килограми марихуана .Ова е резултат на вчерашната акција на полицијата во Велес каде што се приведени три лица, како и едно во Скопје. Притоа биле извршени и претреси, потврдуваат извори за МТВ. Лицата биле дел од криминална група која  подолго време  се занимавала со шверц на дрога. Дрогата е шверцувана во приколка од  шлепер во специјални штици  во кои била камуфлирана.  Детали за спроведената акција надлежните најавија за денеска.

 

Автор: Наташа Гркова Петрушевска