Протест на вработените во „Флораком“ и „Луна“, синдикатот најави и кривични пријави
Вработените велат дека и покрај тоа што во Град Скопје биле изгласани субвенции од 80 милиони денари, за нив сè уште нема пари...

Без две плати и здравствено осигурување се оставени работниците во двете фирми-ќерки на „Паркови и зеленило“, меѓу кои и хронично болни, онколошки пациенти, лица со стентови. Повторно на „Илинденска“, на високите температури излегоа на протест – Синдикатот најави и кривични пријави.
Вработените велат дека и покрај тоа што во Град Скопје биле изгласани субвенции од 80 милиони денари, за нив сè уште нема пари, иако исплатите во јавното претпријатие течат непречено.
Вработените во „Флораком“ и во „Луна“ коишто се фирми основани од ЈП „Паркови и зеленило“ по четврти пат излегоа на улица. Тие велат дека доколку не се среди состојбата со платите ќе продолжат да протестираат, а не ја исклучуваат и можноста за штрајк.
Ана Јосифоска
