Ибраими и Марибор на победа во Глазгов!
Во ситуација кога Пандев е во немилост на тренерот на Наполи, Бенитез кој не го ни пријави за настап во плеј – офот, Ибраими е единствениот потенцијален македонски претставник во Лигата на шампионите.
Марибор одигра 1:1 дома со Селтик и ќе мора да одигра многу поофанзивно во Глазгов, со надеж дека по 15 години повторно ќе биде дел од елитата. Мекрегор и Бохар беа стрелци на головите.

19-то учество на Порто и шестото на Зенит во фазата по групи е реалност затоа што и двете екипи славеа со по 1:0 на гости. Португалците кај Лил со голот на Херера, а Русите во Лиеж против Стандард со погодокот на Шатов.
Во вечерта без домашна победа, профитираше БАТЕ Борисов кој е во добра насока кон четвртиот пласман во Лигата на шампионите со ремито 1:1 во Братислава кај Слован. Драгоцен е автоголот на Јаблонски, израмни Витек.
Во одлична ситуација да го повтори успехот од пред четири години е и АПОЕЛ. За 1:1 на гости кај Алборг, погодија Томсон и Оливеира. Реваншите ќе се одиграат во вторник.