Даночна дисциплина

УЈП го „чешла“ градежниот сектор

14.08.2025 16:04

Договори со нереално ниски продажни цени, непријавени работници, разлики меѓу изграденото и пријавените приходи – УЈП го „чешла“ градежниот сектор по предупредувањата дека голем дел од парите во овој бизнис се вртат во кеш. Ризикот по даночната дисциплина во градежништвото, оценет како висок…

Управата за јавни приходи влегува во градежните компании. Ќе се чешла продажба во кеш, колку е изградено, колку е пријавено дека е продадено. Станува збор за над 300 градежни компании кои детално ќе се анализираат.

Од градежниот сектор велат дека се работи по пропис. „Пари в плик“ не биле опција во никој случај. Повикуваат на засилена борба против сивата економија. Велат дека во строгиот центар на Скопје, цената на парцелата влегува со 40% во градежната цена.

Кај оние сомнителни фирми инспекцијата ќе контролира во нивните фактури.

Од УЈП велат дека мора сите трансакции да се вршат електронски, оти до сега голем дел од парите во овој бизнис се вртеле во кеш. Велат, мора да има потекло и како се стекнати.

Сериозен предизвик и натаму остануваат работниците кои ги има се помалку, велат градежниците. На високата цена на становите влијаат скапите материјали и немањето локации за градба.

Борис Грујоски