НБА

Бостон Селтикс ќе бидат продадени за 6,1 милијарди долари

14.08.2025 16:12

Одобрувањето од сопствениците на клубовите во НБА дојде пет месеци откако беше објавена продажбата на Селтикс. Трансакцијата е вредна 6,1 милијарда долари.

Одборот на директори на НБА ја одобри продажбата на Бостон Селтикс на група инвеститори предводени од бизнисменот Вилијам Чизхолм.

Одобрувањето од сопствениците на клубовите во НБА дојде пет месеци откако беше објавена продажбата на Селтикс. Трансакцијата е вредна 6,1 милијарда долари.

Вилијам Чизхолм е коосновач на приватниот инвестициски фонд Симфони Технолоџи Груп и страствен навивач на Селтикс.

Во јуни, Лос Анџелес Лејкерс беа продадени од семејството Бус на милијардерот Марк Волтер за 10 милијарди долари.