Во Газа нови жртви од бомби и глад
Војската објави дека подготовките се при крај, а воената кампања ќе трае сè додека Хамас не биде целосно уништен, а безбедноста на Израел обезбедена...

Израел не отстапува од планот за проширување на офанзивата во Газа и покрај апелите за катастрофалните последици и меѓународниот притисок. Војската објави дека подготовките се при крај, а воената кампања ќе трае сè додека Хамас не биде целосно уништен, а безбедноста на Израел обезбедена.
„Израелските одбранбени сили ги завршуваат подготовките за продлабочување на офанзивната операција во Појасот Газа, што ќе доведе до уништување на капацитетите на Хамас – и владини и воени. Кампањата ќе заврши кога ќе ја обезбедиме нашата безбедност и иднина“, изјави Генерал-потполковник Ејал Замир, началник на Генералштабот на израелската војска.
Истовремено, палестинските власти во Газа јавуваат за нови жртви во израелските воздушни напади, додека бројот на починати поради неухранетост продолжува да расте.
