Одбрана

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип, презентација на нови 29 оклопни возила – JLTV

15.08.2025 08:31

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер ќе ги посетат припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и ќе присуствуваат на презентацијата на новите 29 лесни оклопни возила – JLTV...

Денеска во касарната „Јане Сандански“ во Штип ќе се одржи презентација на 29 нови лесни оклопни возила JLTV, донација од Соединетите Американски Држави.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и амбасадорката на САД, Анџела Агелер ќе ги посетат припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група и ќе присуствуваат на презентацијата на новите 29 лесни оклопни возила – JLTV.

По презентацијата предвидени се изјави за медиумите.