СДСМ ја објави стратегијата за идно дејствување
Дел од идното опозициско дејствување се и програмите насловени како „Силна СДСМ“ и „Партнерство за демократска Македонија“. Со првиот столб во стратегијата, како што изјави Заев, сакаат да почнат многу подинамична комуникација со граѓаните.

Немаме намера да формираме влада во санка, како пандам на актуелната власт. Се одлучивме да формираме централен систем на комисии и секоја од нив ќе ја следи работата на секое од министерствата - ова е еден од четирите столба на опозициската стратегија насловен како чесна понуда изјави партискиот лидер Заев. Дел од идното опозициско дејствување се и програмите насловени како „Силна СДСМ“ и „Партнерство за демократска Македонија“. Со првиот столб во стратегијата, како што изјави Заев, сакаат да почнат многу подинамична комуникација со граѓаните.
„Ова не е кампања, таму е местото на СДСМ, до граѓаните. Столбот носи наслов „Работиме заедно“ зато што интензивно ќе работиме заедно, тоа ќе биде партнерски однос на слушање на потребите и проблемите и заедничко дефинирање на реални и прифатливи решенија“, рече Зоран Заев.
Пресот помина без прашања. Доплнителните појаснувања уследија на брифингот. Заев како што рече е подготвен да седне на маса со Груевски независно кој ќе биде иницијатор за новата лидерска средба. Во оваа работа вели нема место за суети, важно е да се разговара за 5-те опозициски барања, коишто како што појаснуваше, можеле да бидат и поинаку формулирани.
Највисокото партиско тело на СДСМ вчера вечер ја донесе и одлуката за исклучување на Солза Грчева и Љубица Буралиева. Сега веќе екс членката на СДСМ Солза Грчева за МТВ вели, останувам доследна на програмата со којашто излеговме на избори, а последиците од овој според неа дефектен бојкот ќе ги трпат само граѓаните.
„Во одлуката нема мудрост туку авторитарност и ја девалвира функцијата пратеник. Впрочем во што се состои овој бојкот, не се бојкотираат платите, тие редовно ги подигаат сите новоизбрани пратеници, не се бојкотираат апанажите. Што всушност се бојкотира, одговорот е само работењето во Собранието кое им е единствено потребно на граѓание“, вели Солза Грчева, пратеник.
Партиската непослушност и казнувањето на индивидуалните ставови ми се познати од претходниот систем, јас од денес, изјави Буралиева за МТВ ќе функционирам на поинаков начин.
„Мојот предлог, конкретен, јас имам договор со моето партиско-избирачко тело, нека соберат 10 илјади потписи, јас само така можам да го вратам својот мандат најофицијално преку собраниската говорница“, вели Љубица Буралиева, пратеник.
Двете пратенички велат во иднина ќе дејствуваат опозициски и ќе останат доследни на левицата.
Виолета Димовска
