Тешка е битката со пожарот во „Јасен“, се прават натчовечки напори за ставање под контрола
Два активни пожара на отворено. Тешка е битката со огнот во повеќенаменското подрачје „Јасен“ во општината Македонски Брод и меѓу селата Рогачево и Јажинце во општината Јегуновце. Се интервенира и од воздух …

Нов ден, нова борба со тешкиот пожар во „Јасен“. Се прават натчовечки напори за ставање на огнената стихија под контрола. На терен се вработени во „Национални шуми“ и „Јасен“, пожарникари од Скопје и Кавадарци, но и припадници на армиските „Волци“ и „Ренџери“.
Од копно се гасне и од специјализираните возила. Пожарот е ставен под контрола над гребенот, каде огнот му се заканувал на репетирот, но, пожарот беснее од долната страна на патот што вози кон езерото „Козјак“.
Сите потенцијали на државата се ангажирани секојдневно на терен, вели Ангелов. Максимално се користат и двата ер-трактори. Тој е уверен дека пожарот кај Јажинце ќе се стави под контрола.
Ангелов вели дека секојдневно добиваат сознанија за подметнати пожари, но исто така ова е кривично дело кое најтешко се докажува, вели, затоа што со пожарот горат и трагите.
Ангелов е убеден дека најголем дел од пожарите се подметнати, и без човечки фактор, тие не можат да бидат предизвикани.
Александра Спировска
