Епидемиолози од Скопје ќе го бараат изворот на жолтица во Штип
Бројката на заразени со Хепатит А во штип се искачи на 24. Епидемиолози од Скопје, ќе им помагата на колегите од Штип да го откријат изворот на заразата. Центарот за јавно здравје со воредни хигинески мерки до училиштата.

Се шири заразата на жолтица во Штип. За само 24 часа, се потврдени два нови случаја.
„Бројот на заразени и хоспитализирани кај нас и на Инфективно се различни. Ние имаме потврдено 24 заболени, од кои два случаја се нови, а во болница има 18 пациенти“ изјави прим. д-р Велик Грков, директор на Центарот за јавно здравје во Штип.
Ова ги потврди стравувањата на инфектолозите од ширење на заразата.
„Контактите со блиските се веќе направени и ние очекуваме зголемување на бројот на лица со хепатит А“ изјави д-р Глорија Караѓозова, началник на Инфективното одделение во Штип.
Меѓу пациентите нема речиси никакава точка на спојување, што потрагата по изворот на заразата ја прави исклучително тешка.
Од утре, колеги од Скопје, ќе им помагаат на штипските епидемиолози да го откријат изворот на заразната жолтица тип А. Поради тоа што сите заболени се од различни делови на градот, откривањето на жариштето од каде се почна и кое е потенцијлана опасност, е се уште е непознато.
Едно е сигурно, бројот на заразани со хепатит од типот А, ќе беше многу помал, доколу рацете се миеле редовно и правилно, тврдат епидемиолозите.
“Рацете не е доволно да се измијат само со вода. Потребно е најмалку една минута да се мијат со сапун и тоа на целата површина, особено на сокриените делови меѓу прстите и ноктите каде вирусите најчесто се кријат“, тврди прим. д-р Грков.
Во меѓувреме, сите образовни институции добија напатствија за целосна дезинфекција на училиштата пред стартот на учебната година.
Оливера Жежова
