Од денеска пониски цени на училишниот прибор
Од денеска пониски цени на училишниот прибор. Пазарните инспектори во контроли дали книжарниците ја почитуваат владината одлука…

Намалени цените на училишниот прибор – на рафтовите во книжарниците ја има и старата цена, која важела до 1-ви јуни и новата за купувачите да направат споредба, колку ќе заштедат во месецот кога трошоците се највисоки поради стартот на учебната година.
Метеж низ книжарниците нема, но, вработените очекуваат тоа да се промени со наближувањето на новата учебна година.
Државниот пазарен инспекторат излегува на терен. Казните за непочитување на одлуката се и до 10 илјади евра.
„Тимовите на Државниот пазарен инспекторат во наредниот период ќе ги контролираат правните субјекти на целата територија на државата и ќе постапуваат согласно Законот за трговија и Законот за заштита на потрошувачите, каде казните се движат од 800 до 10.000 евра во зависност од големината на субјектот, а за целосно непочитување на одлуката предвидена е мерка – привремена забрана за вршење на дејност од 15 дена“-велат од Министерството за економија.
Надлежните велат дека со оваа мерка значително се намалуваат трошоците во семејствата со ученици.
Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. Оваа одлука ќе трае до 15-ти септември.
Ана Јосифоска
