Муцунски: Одлуката на Уставен нема да влијае на односите со ЕУ, ниту на договорот за добрососедство
Одлуката на Уставен за вториот протокол со Бугарија нема да влијае на односите со Европската унија, ниту на договорот за добрососедство, каква и да биде. Властите во Скопје очекуваат европско однесување од Софија …

Одлуката на Уставниот суд нема да се рефлектира врз односите на Македонија со Европската унија и со Бугарија, ниту ќе влијае на содржината на преговарачката рамка, смета шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Според него, земјава го држи курсот на реформската агенда која е услов за евроинтеграцијата, а очекува и интензивирање на дијалогот со Софија.
И премиерот Мицкоски на иста линија. Уверува дека земјава нема да се повлече од преговорите со Унијата.
Најголемиот дел од барањата на Бугарија се содржани во вториот протокол, а кој стана дел од документите на ЕУ. Потпишан е во јули 2022 година од страна на министрите за надворешни на двете земји, Османи и Генчовска.
Анита Димитријевска – Велковска
