Свет
Трамп по средбата со Путин: Нема договор додека не се постигне
16.08.2025 09:43
Самитот на Алјаска не донесе напредок за прекин на конфликтот Русија – Украина. Путин тврдеше дека постигнале „разбирање“ за Украина и ја предупреди Европа да не го „торпедира почетниот напредок“.

Нема договор додека не се постигне, изјави американскиот претседател Трамп по скоро три часовната средба со рускиот претседател Путин во Енкориџ.
Самитот на Алјаска не донесе напредок за прекин на конфликтот Русија – Украина. Путин тврдеше дека постигнале „разбирање“ за Украина и ја предупреди Европа да не го „торпедира почетниот напредок“.
По долгоочекуваната средба, како знак дека разговорите не го дадоа посакуваниот резултат на Трамп, двајцата лидери прес-конференцијата ја завршија, не одговарајќи на прашања од новинарите.
