Тензии меѓу демонстрантите и полицијата во Белград
Судирите започнале нешто по 22 часот, кога група од демонстрантите се обидела да го пробие полицискиот кордон. Полицијата возвратила со солзавец за да ја растера толпата, а според дел од медиумите, биле употребени и топовски удари.

Во Белград синоќа избувнале тензии меѓу демонстрантите и полицијата, при што најхаотично било во центарот на градот. На улиците запалени и превртени контејнери, густ чад, се користеле пиротехнички средства.
Судирите започнале нешто по 22 часот, кога група од демонстрантите се обидела да го пробие полицискиот кордон. Полицијата возвратила со солзавец за да ја растера толпата, а според дел од медиумите, биле употребени и топовски удари.
Протестите во Србија се одржуваат во повеќе од 20 градови, а во последните два дена ситуацијата ескалира со десетици повредени граѓани и полицајци.
