Кочани

Пет месеци од трагедијата во „Пулс“, денес нов „Марш на ангелите“

16.08.2025 10:35

Организаторите посочуваат дека настанот е за поддршка на семејствата на починатите и повредените пожарот...

Пет месеци од големата трагедија во кочанската дискотека „Пулс“ во која загинаа 62 млади лица, а голем број се здобија со физички повреди и психички трауми.

По тој повод, нов 18-ти „Марш на ангелите“ денес во 18 часот и 5 минути. Вообичаената рута, од Градскиот парк во Кочани, движењето ќе продолжи кон трговскиот центар, седиштето на општината, локалната канцеларија на МВР, сè до Основниот суд и кочанското обвинителство.

Организаторите посочуваат дека настанот е за поддршка на семејствата на починатите и повредените пожарот и дека продолжуваат со барањето правда за своите деца.