АМСМ
На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, на „Богородица“ 40 минути
16.08.2025 09:29
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез или излез од државата.

Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила на граничните премини. На ГП „Табановце“ утрово времето на чекање за излез од државава е околу 30 минути, додека на ГП „Богородица“ се чека околу 40 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез или излез од државата.
Од АМСМ информираат дека поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
