Свет
Експлозија во фабрика за експлозиви во Русија, пет загинати над 100 повредени
16.08.2025 11:05
Пожарот започнал во работилница за барут во фабриката за синтетички влакна „Еластик“ и ја предизвикал експлозијата. Спасувачките операции продолжуваат, бидејќи се верува дека под урнатините има уште луѓе.

Пет лица загинаа, а 112 се повредени во експлозија и пожар во фабрика за експлозиви во рускиот регион Рјазан, објавија руските новински агенции во петокот.
Пожарот започнал во работилница за барут во фабриката за синтетички влакна „Еластик“ и ја предизвикал експлозијата. Спасувачките операции продолжуваат, бидејќи се верува дека под урнатините има уште луѓе.
Истражниот комитет отвори кривична постапка за прекршување на барањата за индустриска безбедност.
