Туризам

Дојранчани се жалат на слаба посетеност од домашни гости

16.08.2025 15:18

Дојранчани се жалат на слаба посетеност од домашни гости и сезоната ја спасуваат српските, како транзитни туристи. Како можни причини се споменуваат високите цени на сместувањето, но и намаленото ниво на езерото. Поголема раздвиженост има за време на викендите.

Нема многу гости летово во Дојран. Вака коментираат издавачите на соби и продавачите на сувенири покрај Дојранското Езеро. Тврдат дека повеќе ги има српските отколку домашните туристи

Локалните власти немаат точни податоци дали е намален бројот на гостите оваа лето во Дојран. Признаваат дека заради транзитните гости зголемени се цените за сместување во приватните студија и апартмани

Оние што летуваат во Дојран немаат многу забелешки, со исклучок на хигиената и уредените плажи.

Во Дојран поголема раздвиженост со македонски гости има преку викендите. Една третина од туристите се српски кои на одење или враќање од Грција одмараат покрај Дојранското Езеро.

Ване Трајков