Цените на пазарите растат, овошјето најскапо
Производителите со спротивно мислење од купувачите, велат од година во години сè помалку се произведува, цените на репроматеријалите се зголемуваат, а климатските промени го уништуваат и она што е посадено. Земјоделското производство станува неисплатливо.

Цените на зелените пазари вртоглаво растат. Најголемо покачување се забележува кај овошјето, велат граѓаните. Дали ќе се купи килограм, половина килограм или едноставно ќе се одмине тезгата со овошје зависи од финансиската моќ на купувачите.
Производителите со спротивно мислење од купувачите, велат од година во години сè помалку се произведува, цените на репроматеријалите се зголемуваат, а климатските промени го уништуваат и она што е посадено. Земјоделското производство станува неисплатливо.
Оние кои цел работен век го поминале на пазарите, забележуваат дека се зголемува бројот на празни тезги, велат-помалата понуда влијае на цената,а со тоа се намалува и фреквенцијата на купувачи, кои најчесто овошје и зеленчук купуваат во маркетите.
И Државниот завод за статистика го потврди покачувањето на цените, за месец јули зеленчукот поскапел за 63,3 проценти, а овошјето за 33,2 насто, споредено со лани. Додека, пак, вкупните трошоци за производство се зголемени за само 3%.
Заминувањето на младите во странство, намалените земјоделски површини, како и увозот се главни причини за состојбата со цените на пазарите.
Александра Максимовска
