Земјоделство
Објавен оглас за откуп на домашна пченица за стоковни резерви
16.08.2025 17:57
Ќе се откупат 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година...

Денеска е објавен оглас за набавка на меркантилна пченица за стоковните резерви од годинешнава реколта, од регистрирани производители на земјоделски производи.
Ова претставува историски момент за македонското зејоделство бидејќи за прв пат во државата ќе се откупува домашна пченица за потребите на стоковни резерви, што претставува значајна поддршка за македонските земјоделци, вели минисртерот за земјоделство, Цветан Трипуновски.
Ќе се откупат 9.000 тони меркантилна пченица од реколта 2025 година по цена 13 денари по килограм (без ДДВ).
