Регион

Нови судири меѓу демонстрантите и полицијата во Србија

17.08.2025 09:39

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ кажа дека имало драстично нарушување на јавниот ред и мир, брутални напади врз полицијата, демолирања и палежи, при што биле уапсени 18 лица, а еден полицаец повреден.

Нови судири помеѓу антивладините демонстранти и полицијата избија синоќа во Србија. Во Ваљево, демонстрантите ги запалија просториите на Српската напредна партија откако група маскирани лица ги скршија прозорците и фрлија пиротехника за време на протестот. Интервенирале пожарникари.

Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ кажа дека имало драстично нарушување на јавниот ред и мир, брутални напади врз полицијата, демолирања и палежи, при што биле уапсени 18 лица, а еден полицаец повреден.

Најмногу инциденти имало во Ваљево, Белград и Нови Сад.