27 пожари на отворен простор, активни два и еден под контрола
Активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, Општина Македонски Брод, каде е зафатена мешана шума, како и во селата Лојане и Табановце, Општина Куманово и Липково, каде гори ниска вегетација и мешана шума.

Вкупно 27 пожари на отворен простор се регистрирани до 08:00 часот утрово. Од нив активни се два, еден е под контрола, а изгаснати се 24, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во повеќенаменското подрачје „Јасен“, Општина Македонски Брод, каде е зафатена мешана шума, како и во селата Лојане и Табановце, Општина Куманово и Липково, каде гори ниска вегетација и мешана шума.
Под контрола е пожарот помеѓу селата Рогачево, Јажинце, Долно Орешје, Општина Јегуновце, каде се зафатени пасишта и мешана шума.
