Штип

Зголемена е потребата од крвни единици во болниците

17.08.2025 12:54

Летните месеци се зголемува потребата од крв и крвни компоненти во болниците, но бројот на крводарувања опаѓа. Во Центарот за трансфузиона медицина во Штип состојбата е стабилна, има доволно крв за болниците од источниот регион, но останува апелот за дарување крв како највисок израз на хуманост…

Летото е период кога здравствените установи се соочуваат со недостиг на крвни единици. Се намалува активноста на редовните крводарители, а потребите од крв овој период се зголемени.

Проблемот се решава со вонредни крводарителски акции реализирани во соработка со општинските организации на Црвениот крст.

Крводарителите имаат бенефиции во јавните здравствени установи. Имаат право на бесплатни лабораториски, болнички и рендген услуги.

Славица Величковска