Туризам

Дихово на мапата на топ 10 европски рурални дестинации

17.08.2025 12:05

Во сè поголем број странците го посетуваат ова битолско село. Апи комората ги воодушевува, но природата и локалната храна ги освојува.

Битолчанката Матеа е дипломиран софтверски инженер. Таа е редок пример на млада успешна личност којашто сака да работи и рурален туризам како поддршка на семејниот бизнис.

„Во нашето село Дихово доаѓаат сè поголем број странски туристи. Воодушевено слушаат за органското производство на зеленчук и овошје. Најмногу сакаат локални специјалитети како супа од пелистерска коприва, питулици, потпечени пиперки“, вели Матеа Цветковска.

Во сè поголем број странците го посетуваат ова битолско село. Апи комората ги воодушевува, но природата и локалната храна ги освојува.

„Дојдовме да ги осетиме и придобивките од апи комората за здравјето. А македонскиот мед е неверојатен“, вели холандски турист.

Сушата коси сè пред себе. Но, за пелагониските пчелари ова е среќна година. Пчеларите велат дека треба да се заштитува и автохтониот подвид македонска пчела.

Квалитетната туристичка понуда, селото Дихово го смести на туристичката мапа во топ десет рурални дестинации во Европа коишто треба да се посетат. Формулата на успехот се крие и во вмрежениот туризам.

Ружица Ѓоршевска