Нов закон за ѓубрива
Нови правила за употребата на минералните и на шталските ѓубрива

Трговијата и нивното користење се усогласуваат со европските регулативи, и се менува практикатa на несоодветен третман на арското ѓубриво.
Внимателно со арското ѓубриво.
Каде и како ќе се складира и користи ќе биде прецизно одредено.
Во согласност со европската регулатива, ѓубривата, биостимулаторите и подобрувачи на својствата на почвата мора да се употребуваат според правилата за добрата земјоделска практика.
Количеството ќе зависи од потребите на растенијата и на почвата, имајќи ги предвид хранливите неоргански и органските материи и климатските услови во подрачјето.
Се утврдуваат и условите за производството , трговијата, пакувањето. Продажбата на помали количества може да ја врши само производителот.
За заштита на здравјето на луѓето, животните и околината ќе се формира и стручен совет од повеќе експерти.
