САД продолжуваат со воздушните напади против џихадистите од Исламската држава
САД нема да ги запрат воздушните напади во борба против Исламската држава, и покрај убиството на новинарот Џејмс Фојли, за кој како што изјави американскиот министер за правда е почната кривична постапка.
Ерик холдер, министер за правда на сад
„Активно ја спроведуваме правдата за овој случај. Имаме отворена кривична истрага. Оние кои ќе сторат вакви дела треба да разберат дека ние не забораваме и ќе одговараат за своето дело“, рече Ерик Холдер, министер за правда на САД.

Британија трага по идентитетот на џихадистот кој според акцентот на којшто се обраќа во видеото, се верува дека е Британец кој живее во Лондон или во југоисточна Англија, а заминал преку Турција во Сирија, пред три години. Во меѓувреме џихадистите ги повикуваат Јазидите кои се уште се сокриваат во планините Синџара да се спуштат и да го прифатат исламот затоа што само така ќе бидат среќни. Во меѓувреме Иран понуди помош против борба со Исламската држава во замена за отстапки за нуклеарната програма.