Привршува реконструкцијата на театарот во Стоби, догодина ќе прими и публика
После десетина години работа, привршуваат конзерваторски – реставраторските зафати на гледалиштето од театарот во Стоби. До со тоа завршува реконструкцијата, од следната година се најавува враќање на Фестивалот на античка драма, на местото каде изворно се одржуваше две децении …

Завршена е претпоследната фаза од конзерваторско-реставраторските зафати на театарот во Стоби. Со тоа се отвора можноста веќе следната година, тој да ги прими посетителите од Фестивалот на античка драма „Стоби“ кој десетина години се одржува во Велес.
Извршена е конзервација на сочуваните мермерни елементи од гледалиштето на театарот. Седиштата биле пропаднати, не биле безбедни за публиката. Во еден дел отстранети се мермерните блокови, дислоцирани, се вршат археолошки истражувања за во септември да се вратат назад во гледалиштето. Со тоа комплетно ќе се заврши конзервацијата и реставрацијата на овој дел од театарот. Досега биле санирани евидентираните недостатоци, за да може да се стави театарот повторно во функција
Летово археолозите работат на доистражувања, на просторот од каде се дислоцирани мермерните седишта. Тие не биле стабилни, пропаднати, поради што самиот театар не бил безбеден за посетители. Театарот бил место каде се одржувале гладијаторски борби, мимички претстави и хорски изведби. Капацитетот бил околу 7.600 гледачи. Мермерот за седиштата бил од близината на Прилеп. Во средината на II век бил комплетно изграден театарот со гледалиштето и сценската зграда. На крајот од IV век театарот излегол од употреба и служел како извор за градежен материјал.
Петар Печков
