Македонија

Граѓаните се борат со променливото време, Итната медицинска помош со зголемен обем на работа

17.08.2025 14:49

По топлотниот бран и високите температури, се очекува делови од Македонија да бидат зафатени со поројни дождови, силен ветер, но и град. Променливото време удира по здравјето на луѓето. Вртоглавици, главоболки-Итната медицинска помош се соочува со зголемен број интервенции …

Вртоглавици, главоболки, депресија, несоница… Граѓаните се борат со променливото време. Итната медицинска помош со зголемени обем на работа, особено во ноќните часови. Докторите велат-има интервенции и кај мозочни удари и проблеми со кардиоваскуларниот систем. Не се поштедени ниту младите. Причинител, освен топлото време, е алкохолот.

Докторите апелираат-повеќе течности, помалку движење на сонце, хронично болните да ја земаат соодветната терапија.

Синоптичарите најавуваат заладување, поројни дождови, град и температури од 24 до 32 степени.

Жолт аларм за Скопје, Охрид, Тетово, Струга. Грмотевици, поројни дождови, засилен ветар, може да донесе и одводни проблеми, но и намалена видливост на одредени делници.

Александра Спировска